Утре започнува Културното лето во општина Кисела Вода: Интервју со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска

Македонските музички ѕвезди Лозано, Таско, 2Bona, големата балканска ѕвезда Voyage, како и Влатко Миладиновски, групата „Љубојна“, Андријана Петрушевска, Никола Станишиќ и КУД „Китка“ се дел од артистите кои ќе го збогатат претстојното Културно лето во Кисела Вода. Оваа програма ќе биде надополнета и со хитовите од првиот детски фестивал во општината - „Киселко“. Манифестацијата се одржува во пресрет на 71-виот роденден на општината, нудејќи квалитетна тридневна програма. За концептот изграден според желбите на граѓаните и значењето на овие настани, разговаравме со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Курир: Пред нас е ново издание на Културното лето, манифестација која годинава се одвива под слоганот „Кисела Вода - најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“. Како се поврзува оваа богата програма со роденденот на општината? Бети Стаменкоска Трајкоска: Поводот што нè обединува е навистина голем. Преку оваа програма го најавуваме отворањето на годинешното Културно лето, а воедно заедно го дочекуваме и 71-от роденден на најстарата општина во Скопје. Слоганот што го избравме најпрецизно ја отсликува нашата традиција. Кога велиме „културен печат“, мислиме токму на трагата што ја оставаме зад нас, на нашиот препознатлив потпис како општина која секогаш го нуди и се стреми кон најквалитетното. Овие три фестивалски…
Povezane vijesti

Lekcija u devedeset minuta, triler u produžecima ili penal lutrija: Španija ili Argentina — ko će biti na korvu sveta u naredne četiri godine?

Vučji Do je pobjeda slobode Crnogoraca
