Утре во Дајмонд мол се одржува Интернационалниот саем на музика, винил и аудио опрема
Во текот на целиот ден, почнувајќи од 10 до 22 часот, посетителите ќе можат да истражуваат богата понуда на винилни плочи, компакт дискови, музички сувенири, ретки и колекционерски изданија, како и аудио опрема претставена од 27 учесници од Македонија, Србија, Грција, Германија, Италија, Бугарија и Холандија. Саемот претставува ретка можност за директна средба и размена меѓу колекционери, издавачи, музичари и љубители на музиката од регионот и Европа. Посебна вредност на настанот му дава богатата програма исполнета со промоции, разговори и потпишувања на албуми, каде посетителите ќе имаат можност непосреднода се сретнат со автори, музичари и издавачи. Ќе бидат претставени десетици домашни изданија, од современа македонска продукција до култни албуми кои оставиле траен белег на музичката сцена, вклучувајќи го и премиерно преслушување на тест принтови од првото винил издание на албумот „Игри без граници“ на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Во текот на денот, атмосферата ќе ја збогатуваат настапите на селектирани диџеи од Македонија, Србија, Грција и Бугарија, кои ќе понудат музичко патување низ различни жанрови и епохи, претворајќи го саемот во вистински фестивал на музичката култура. Посетителите ќе можат да ја разгледаат и изложбата на канвас фотографии и оригинални врамени текстови од историјата на македонската рок сцена, додека покрај…

Povezane vijesti

ФИФА го објави официјалниот музички албум за СП 2026 — еве кои ѕвезди се дел од листата на песни

Научниците открија кој зеленчук има најголема хранлива вредност во светот
