klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Утре тргнува коњаницата „Свети Јован Бигорски“: Завет пред македонските вечни стражари дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена

Утре тргнува коњаницата „Свети Јован Бигорски“: Завет пред македонските вечни стражари дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 12:38:04

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен. Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Од Зубовце, коњаниците ќе минат низ Тумчевиште, Гостивар, манастирот „Св. Јован Бигорски“, Јанче, Галичник, бачилата на Бистра – Салтаница, Сулумуница и Раштанец, манастирот во Кнежино, Кичево, Вранештица и Цер, за на крајот достоинствено да пристигнат во Крушево и да се поклонат пред бесмртното дело на илинденците. Коњаницата и годинава ќе биде дел од традиционалната десетдневна прослава на Крушевската Република, носејќи го духот на слободата, честа и непокорот кон легендарниот Мечкин Камен. Овој пат не е само патување низ македонските планини, туку патување низ историјата. Секој удар на копитата, секој развеан македонски барјак и секој чекор кон Крушево потсетуваат дека слободата никогаш не била подарена, туку изборувана со крв, вера и љубов кон татковината. Патот на Црешовото Топче е жив споменик на Илинден. Тој ги поврзува поколенијата и потсетува дека идеалите на илинденците сè уште живеат во срцето на македонскиот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti