klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Утре седница на Економско-социјалниот совет

Утре седница на Економско-социјалниот совет
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 12:55:48

Утре треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, сепак, како што рече денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески, не е исклучено за тоа да се разговара. - За утре е предвиден Економско-социјален совет на кој ќе бидат разгледувани неколку точки. Една од точките е донесување годишна програма за работа на ЕСС, а од страна на Министерството за образование ќе биде презентиран новиот закон за високо образование. Ќе има уште неколку точки, истакна Ристески. На новинарско прашање дали може да се очекуваат утре некакви мерки поврзани со цените на храната и горивата и дали ќе се разговара за тоа, Ристески одговори дека од она што го видел како дневен ред, нема таква точка. -Од она што видов како дневен ред, нема таква точка, меѓутоа не е исклучено. Секогаш Економско-социјалниот совет е отворен. Ако некој предложи таква точка, тогаш се гласа, се прифаќа и се дискутира за точката. Транспарентноста на Владата е на највисоко ниво. На секој Економско-социјален совет учествуваат најмалку четири министри, заменици министри и секогаш е присутен премиерот, на сите економско-социјални совети, што не било случај претходно, потенцира заменик-министерот. Тој информира и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti