Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

Во рамки на 19. седница на Советот на Општина Карпош, советниците ги разгледуваа и полноправно одлучуваа по 17 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, Општинскиот Совет го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за третиот квартал за 2026 година. Според образложението, во колоната - План се прикажани вкупните приходи планирани со Буџетот за 2026 година во износ од 2.216.812.599 денари, додека пак во колоната - Реализирано се прикажани реализираните приходи за третиот квартал во износ од 1.123.678.929 денари. Оттука, во Буџетот на Општината се планирани приходите во износ од 1.377.715.599 денари, при што е остварена реализација на приходите за вториот квартал во висина од 548.496.348 денари. Со поддршка на Советот ќе се измени Одлуката за давање согласност за изготвување на физибилити студија, за утврдување на извори на техничка вода на подрачјето на општина Карпош. Имено, измената се однесува на член 2, од оваа Одлука, каде во став 2 се наведува дека: „При изработката на студијата ќе се користат претходно изработени хидрогеографски мапи, анализи и истражувања за подрачјето на општина Карпош, вклучително и документација изработена од релевантни институции и субјекти“. Инаку, изработката на физибилити студијата треба да утврди дали постојат можни…

