klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 08. 2026. 13:10:34

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, истакна Цана. Починатиот е од Скопје, од Долно Лисиче. Заедно со него, до денес вкупно пет лица се починати од западнонилска треска во државава. Според директорот на Клиниката, моментно се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за суспектни. -Скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21. Во тешка општа состојба се уште четворица пациенти, кои се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека другите пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции. Сите пациенти што се со тешка клиничка слика се во поодмината возраст. На Клиниката е хоспитализирано и помладо лице, од 25 години, рече Цана. Вкупниот број излекувани и испишани пациенти е 19. Цана објасни дека на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti