klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 07. 2026. 11:41:31

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд, информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. - До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши – информираат од Уставен суд. Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава, со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti