klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Уставниот суд без мнозинство за одредбите од Изборниот законик за платеното политичко рекламирање, предметите остануваат отворени

Уставниот суд без мнозинство за одредбите од Изборниот законик за платеното политичко рекламирање, предметите остануваат отворени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 14:00:26

Уставниот суд денеска не донесе одлука за иницијативите на политичките партии Левица и Демократи, со кои се оспоруваат одредби од Изборниот законик што се однесуваат на платеното политичко рекламирање бидејќи при гласањето на седумте присутни судии не било обезбедено потребното мнозинство гласови. Поради тоа, предметите остануваат отворени и во фаза на гласање. Како што соопшти судот претходно, оспорени се членовите 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став 4 алинеи 1 и 2 од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање бидејќи при гласањето не било обезбедено потребното мнозинство. Поради тоа, предметот останува отворен и во фаза на гласање. Иницијативите беа поднесени од политичките партии Левица и Демократи, кои оспоруваат одредби што ја регулираат распределбата на медиумскиот простор и средствата за политичко рекламирање. Според Левицата, законските решенија создаваат нееднаков третман меѓу парламентарните и вонпарламентарните партии, а Демократи смета дека распределбата, според која најголемиот дел од бесплатниот рекламен простор им припаѓа на четири партии, ги нарушува принципите на политички плурализам и демократски избори. Со мнозинство гласови судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 4 од Законот за судовите по иницијатива поднесена од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti