klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Уставен суд ја ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување

Уставен суд ја ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 10. 2026. 19:52:31

Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025) поради исцрпеност на одредбата во нејзината примена. Судот оцени дека оспорената одредба има времен карактер, односно дека се однесува на точно определен период, по чиј истек престанала нејзината примена. Поради ова, постои процесна пречка за Судот мериторно да одлучува и согласно член 38 алинеја 3 од Актот на Уставниот суд, исполнети се условите за отфрлање на иницијативата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti