klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Успешно одбранети дипломските трудови на Воената академија

Успешно одбранети дипломските трудови на Воената академија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 07. 2026. 20:34:26

На 23 и 24 јули 2026 година, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, се одржаа одбраните на дипломските трудови на 36 питомци од Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои успешно го завршија четиригодишното школување. Одбраните се реализираа пред соодветни комисии, составени од наставници и соработници на Академијата. Питомците дипломираа на насоките Управување со одбранбени ресурси – род пешадија, Управување со одбранбени ресурси – род артилерија и Телекомуникации во одбранбениот систем – род врски. Питомците од родовите пешадија и артилерија се стекнаа со звање дипломиран менаџер за одбранбени ресурси – управување со ресурси, додека питомците од родот врски се стекнаа со звање дипломиран менаџер за одбранбени ресурси – телекомуникации во одбранбениот систем. Со успешната одбрана на дипломските трудови, питомците го завршија високообразовниот процес и се стекнаа со право да бидат промовирани во првиот офицерски чин – потпоручник, со што ќе го започнат својот професионален пат како офицери во вооружените сили на своите држави. Им честитаме на дипломираните питомци и им посакуваме многу успех, професионалност и посветеност при извршувањето на идните офицерски должности, искатнаа во објавата од Воена Aкадемија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti