Sport Sjeverna Makedonija
Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг

Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 15:37:05
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако попладнево со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина. Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно денеска со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк. Турнирот во Лајпциг се игра за награден фонд од 60.000 долари. (МИА)
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


