klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Урнебесен РЕЗИЛ: Американска коментаторка мисли дека Босна и Херцеговина се две „малечки земји“

Урнебесен РЕЗИЛ: Американска коментаторка мисли дека Босна и Херцеговина се две „малечки земји“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·09. 07. 2026. 09:06:49

Американска новинарка предизвика бура на социјалните мрежи по неверојатен гаф за време на анализата на натпреварот меѓу Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина на Светското првенство. Водителката на познатиот американски канал „The Young Turks“, Ана Каспаријан, зборуваше за осминафиналниот натпревар на Мундијалот, но во текот на анализата направи грешка која веднаш го привлече вниманието на јавноста. Додека ја анализираше ситуацијата со црвениот картон на Фоларин Балогун, Каспаријан ја претстави Босна и Херцеговина како две одделни држави. – Но, најпрво Хана ќе ни изнесе повеќе факти за овој случај – вели другиот водител. – Како спортски експерт во нашата компанија, многу сум возбудена што можам да објаснам и да сумирам што всушност се случуваше, па ве молам за малку трпение. Балогун доби црвен картон на натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина. Очигледно, бидејќи ова се две мали земји, ги имате САД кои играат против тие две мали земји – изјави водителката. Три кантона се драга, земја една, и коментираа на социјалните мрежи на Каспаријан за уренебесната грешка.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti