klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·09. 07. 2026. 19:21:04

Со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните плаќања, криминалот целосно ги брише границите и се трансформира во транснационална операција, затоа, глобалната соработка меѓу полициските агенции е клучна и поважна од кога било, порача генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза. Во гостување на Тема на денот на Сител, Уркиза нагласи дека големината на една држава не е клучен елемент, туку нејзиниот потенцијал да придонесе во глобалните активности за спроведување на законот. Тој посочи дека во моментов двајца функционери од Македонија работат во седиштето на Интерпол, од кои едниот ја предводи целата глобална програма за бегалци, барани и исчезнати лица. - Полициските сили на Македонија се активен член на нашата организација и ние имаме голема корист од ова партнерство. Успеавме да ги вклучиме локалните агенции во неколку оперативни активности кои се движат од борба против трговија со дрога, па сè до трговија со луѓе и оружје. Исто така, лани во ноември потпишавме договор со кој Полициската академија тука се вклучи во нашата глобална мрежа, што значи дека и полициски службеници од други земји можат да учат од македонската експертиза - посочи Уркиза. Македонската полиција, додаде, има клучен преглед врз информациите за заканите и криминалните мрежи што транзитираат низ Западна Балкан, регион чии…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti