klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·09. 07. 2026. 09:26:33

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово оцени дека Северна Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата. Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски службеници. - Континуираното образование и обука ќе имаат клучна улога во вашата иднина како полициски службеници. Криминалот станува сè покомплексен, а начинот на кој полицијата се обучува и учи ќе мора да се развива во согласност со новите закани. Технологијата постојано напредува создавајќи нови можности за криминалците во споредба со времето кога јас ја почнав мојата полициска кариера - рече Уркиза. Тој посочи дека криминалот станува сè покомплексен поради технолошкиот напредок и растечката меѓународна димензија на криминалните активности поради што е неопходна силна меѓународна соработка. - Ќе се соочувате со разни јазици, разни правни системи и разни начини на работа. Убеден сум дека во тие околности ќе го препознаете Интерпол како подготвен и доверлив партнер во вашата борба. Од соработката што ја видов на вашата граница со Албанија, како и од заедничките активности со српските власти, гледам дека Македонија сериозно пристапува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti