Уредба за квалитетот на горивата – само горива што ги исполнуваат стандардите ќе можат да се пласираат на пазарот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар. Со новата Уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива можат да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува нивниот квалитет и како ќе се следи неговото почитување. За граѓаните, ова значи поголема сигурност дека горивата што ги користат ќе ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет, а преку јасно утврдени правила и механизми за контрола дополнително се зајакнува заштитата на потрошувачите. Уредбата е донесена согласно член 257 став (1) од новиот Закон за енергетика, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува значаен чекор во модернизацијата на регулативата во оваа област. Со неа детално се уредуваат видовите и карактеристиките на течни горива што можат да се пласираат на пазарот, начинот на утврдување на квалитетот, постапката за следење на квалитетот, како и обврските на сите учесници на…


