klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

УНИЦЕФ: Мора да престанат нападите во Русија и во Украина во кои гинат деца

УНИЦЕФ: Мора да престанат нападите во Русија и во Украина во кои гинат деца
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 19:42:23

Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска повторно ги повика Русија и Украина да ги почитуваат обврските од меѓународното хуманитарно право, особено во однос на „заштитата на децата и цивилната инфраструктура“. - Игралиште. Плажа. Семеен дом. Децата имаат право да бидат безбедни таму каде што живеат и играат, каде и да се, соопшти УНИЦЕФ. УНИЦЕФ наведе дека вчера при украински воздушен напад врз едно игралиште загина едно девојче, а три деца беа убиените во нападот врз плажа во Краснодарската област. Додека во руските напади врз Украина во изминатите седум дена загинаа најмалку шест деца, а повредени се 19. - Мора да престанат нападите во кои се убиваат и повредуваат деца, истакна УНИЦЕФ. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti