Унгарскиот парламент во вторник го избира шефот на државата, а кандидатот на Тиса сè уште не е познат

Парламентот на Унгарија во вторник, на 11 август, ќе гласа за новиот претседател на Републиката, иако сè уште нема номинирани кандидати. Промената на шефот на државата беше едно од ветувањата дадени од премиерот Петер Маѓар откако неговата партија Тиса победи на априлските избори по 16 години владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан, пишува денес бриселскиот „Евроњуз“. Унгарската влада во јули искористи уставен амандман за да го отстрани претседателот на Републиката, Тамаш Шујок, кого премиерот го нарече „куклата“ на Орбан. Потоа Маѓар ѝ ја понуди функцијата претседател на шаховската легенда и поранешна светска шампионка Јудит Полгар, која одби, наведувајќи ја како причина длабоката политичка поделба во Унгарија. Начинот на кој премиерот постапи со номинацијата беше критикуван од пратениците и невладините организации кои тврдат дека, спротивно на неговото претходно ветување, немало вистински јавни консултации за назначувањето на шефот на државата. Маѓар на тоа одговори дека Тиса само побарала препораки, дека не иницирала „консултации со општеството“ и дека конечниот избор е на пратеничката група на неговата партија и Парламентот. Во објава на социјалните мрежи од минатиот месец, Маѓар ги покани партиите, јавните личности, граѓанското општество и сите други да достават предлози за претседателската функција. Претседателската функција во Унгарија е претежно церемонијална и привремено…


