Умеров е нов шеф на украинската Надворешна разузнавачка служба

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека досегашниот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО), Рустем Умеров, ќе биде именуван за нов директор на украинската Надворешна разузнавачка служба, додека поранешниот министер за внатрешни работи Игор Клименко ќе ја преземе функцијата секретар на СНБО. Зеленски, како што јавија локалните медиуми, промените на челото на безбедносните институции ги најави за време на обраќањето на состанокот со раководителите на украинските дипломатски претставништва во странство. Тој посочи дека Умеров во иднина ќе ги координира активностите поврзани со меѓународните одбранбени договори, вклучително и договорите за соработка во областа на беспилотните летала, како и прашањата од дипломатијата и одбраната. - За да има повеќе можности да се занимава токму со тие прашања – истовремено со дипломатијата, одбраната, преговорите со Соединетите Американски Држави и другите партнери, како и со преговорите за завршување на војната – Умеров ќе биде именуван за раководител на Надворешната разузнавачка служба на Украина – рече Зеленски. Украинскиот претседател објасни дека договорите во врска со дроновите не претставуваат само договори за извоз или набавка на поединечни видови беспилотни летала, туку поширок модел на соработка што ги поврзува украинските искуства од војната со одбранбените капацитети на партнерските земји. Истовремено, Зеленски соопшти дека…
Povezane vijesti

Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД КАНАДА

Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, Ѓорѓиевски: За рекордно време ставаме крај на децениската сообраќајна голгота
