klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

УКРО: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола

УКРО: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·02. 07. 2026. 14:09:26

Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени. -По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од овластени лица. При проверките не беше утврден никаков дефект. По завршените проверки, радиотерапевтските третмани продолжија кај сите пациенти. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање, а работата на Одделот се одвива согласно предвидените процедури. Во просторијата за пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод беше забележано протекување на вода, по што пациентите беа превентивно и безбедно преместени во друга соодветна просторија на Клиниката, соопшти Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Во соопштението се посочува дека в координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните проверки и мерења, кои потврдија дека нема радиоактивна контаминација. -Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола, потенцираат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Нагласуваат дека ја разбираат загриженоста на јавноста кога станува збор за безбедноста на онколошките пациенти и здравствените…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti