klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 06:38:05

Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи дека се преземаат мерки за справување со последиците. Според снимките објавени на социјалните мрежи и во локалните медиуми, цел на нападот биле складишта на рускиот гигант за онлајн трговија „Вајлдберис“, лоцирани на Московскиот автопат. Компанијата во последните денови е цел на украински напади. Во нападот што ноќта кон саботата беше извршен врз објект на компанијата во Котовск, во Тамбовската област, загинаа осум вработени. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека компанијата складира и испорачува компоненти наменети за производство на воена опрема.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti