Украина удри во БАНДЕРА: Полска бара решавање на прашањето со контраверзниот Степан Бандера пред влез во ЕУ

Полска постави услов за Украина - прашањето на Бандера мора да се реши пред ЕУ членство. Полскиот министер за национална одбрана Владислав Косњиак -Камиш рече дека Варшава самата ќе реши дали да го поддржи влезот на Украина во ЕУ, велејќи дека никој немаправо да и диктира на Полска што да прави со својот глас. Прашан дали Украина може да влезе во ЕУ додека Степан Бандера останува една од централните фигури во нивното историско наследство, министерот изјави дека Киев мора да ги исполни сите услови за влез во ЕУ, вклучително и оние од историската меморија.. -Една земја кандидат не може да ја гради својата политика околу спомен на лик и настани кои предизвикуваат болка и провоцираат приговори од нивните ЕУ партнери, потенцира министерот. Степан Бандера (1909–1959) е радикален украински националист, политички лидер и една од најконтроверзните личности во современата историја на Источна Европа. Тој го предводел милитантното крило на Организацијата на украинските националисти (ОУН-Б). Неговиот историски континуитет предизвикува длабоки поделби, каде за едни претставува симбол на борбата за независност, а за други соработник на нацизмот и фашизмот. Ослободен по падот на Полска, неговата фракција ОУН-Б соработувала тактички со нацистичка Германија со цел да се создаде независна украинска држава. Во јуни 1941…


