Украина тврди дека засега нема докази за улогата на државата во нападот на Северен поток

Канцеларијата на украинскиот генерален обвинител денеска објави дека не се пронајдени докази за вмешаност на Украина во оштетувањето на гасоводот во Балтичко Море во 2022 година. Канцеларијата соопшти дека истрагите се во тек и нагласи дека соработува со властите во Германија, потенцирајќи дека „Украина е подготвена да помогне во разјаснувањето на сите факти од случајот“. Германските обвинители минатата недела поднесоа обвиненија против поранешен украински војник обвинет за помагање во координирањето на саботажата на гасоводот Северен поток, преку кој се транспортираше руски природен гас до Германија. Во 2022 година, осомничениот, идентификуван само како Сергеј К. сè уште бил активен војник. Германските власти изјавија дека веруваат дека саботажата е извршена во име на странска држава. (МИА)
Povezane vijesti

Украина тврди дека не може да се најдат докази за украинската улога во уништувањето на гасоводот Северен ток

ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА: Германските обвинители ја поврзаа Украина со минирањето на „Северен тек“
