klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Украина повторно нападна руски бродови во Азовско Море

Украина повторно нападна руски бродови во Азовско Море
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·11. 07. 2026. 12:28:59

Украинската армија синоќа нападна 21 танкер од така наречената „руска флота во сенка“ во Азовско Море, во рамките на кампањата за попречување на снабдување со гориво руските сили и да се изолира окупираниот Крим. Генералштабот на украинската армија наведе дека покрај танкерите, погодени се четири реморкери, два брода со сув товар и еден багер. Последиците од нападот сè уште не се познати. Командант на украинските сили за беспилотни системи, Роберт „Маѓар“ Бровди подоцна изјави дека се погодени 28 руски пловни објекти. По украинските напади Русија ја прекина пловидбата низ каналот Дон-Азов, кој ја поврзува реката Дон со Азовско Море.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti