klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Украина по првпат евакуираше ранет војник од фронтот со воздушен дрон

Украина по првпат евакуираше ранет војник од фронтот со воздушен дрон
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·19. 10. 2026. 20:35:53

Украинската армија денеска соопшти дека по првпат извршила воздушна евакуација на ранет војник од фронтовската линија со помош на дрон, што според официјален Киев претставува прва ваква документирана операција во зона на борбени дејствија во светот. Според информациите од единицата за беспилотни системи при 92-та механизирана бригада на украинските вооружени сили, војникот бил ранет на позиција од која вообичаеното извлекување по копнен пат било невозможно поради мини и руски дронови. „Затоа специјалистите од компанијата со која соработуваме презедоа иницијатива да изведат операција без преседан: да евакуираат војник со помош на беспилотно летало“, објави бригадата на социјалната мрежа Фејсбук. [facebook_post url="https://www.facebook.com/reel/1834687544187469"] Во објавата е приложено и видео снимено со камера поставена на дронот. На снимката се гледа како леталото со кружна конструкција и со неколку пропелери му се приближува на војникот на отворено поле, по што ранетиот се прицврстува со ремени за дронот, а леталото го крева во воздух и го извлекува од фронтот. Украинската компанија „Гурзуф дифенс“ (Gurzuf Defence), производител на овој дрон, соопшти дека спасувачката операција траела еден час и 14 минути, при што беспилотното летало измиминало 62 километра. Додека слични операции со роботизирани копнени дронови веќе станале вообичаена практика на фронтот, а во Кина се изведувани и цивилни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti