klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Украина негира дека руските сили го зазеле градот Добропилија

Украина негира дека руските сили го зазеле градот Добропилија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·17. 10. 2026. 16:16:42

Украинскиот Генералштаб соопшти дека источниот град Добропилија останува под контрола на украинските сили, отфрлајќи ги како лажни руските тврдења дека градот е заземен. Андриј Коваљов, портпарол на Генералштабот во Киев, изјави дека Украина ги отфрла тврдењата на Москва оти руските сили, од 1 септември па наваму, зазеле повеќе од 1.800 квадратни километри украинска територија и 92 населени места. Синоќа, началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, го информираше претседателот Владимир Путин дека градот Добропилија, кој се наоѓа во регионот Доњецк, југозападно од Славјанск и Краматорск, паднал под руска контрола. Денеска, и министерот за одбрана на Русија Андреј Белоусов исто така објави дека руските сили ја зазеле Добропилија, заедно со уште седум други населени места во источна Украина. Добропилија е значајно место кое се наоѓа на правецот на напредување на руските трупи кон Славјанск и Краматорск – последните два големи града во регионот Доњецк што сè уште се под контрола на украинските сили. Поради своето стратешко значење, градот веќе некое време е цел на постојани руски напади со цел негово заземање. Од руското Министерство за одбрана додадоа дека, во текот на изминатите 24 часа, руската војска извршила напади врз објекти за складирање беспилотни летала на украинската армија, како и врз транспортната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti