klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Украина изврши нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“ во Русија, има повредени

Украина изврши нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“ во Русија, има повредени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·22. 07. 2026. 06:27:41

Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во соработка со надлежните служби, работи на отстранување на последиците од нападите. Според последните достапни информации, во претходниот украински напад врз логистички центар на „Вајлдберис“, извршен ноќта кон саботата во Котовск, во Тамбовската област, загинаа осум вработени.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti