Укината забраната: Водата во Демир Капија е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Бошава“ - Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената последна лабораториска анализа, е потврдено дека водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење. - По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe - информираа од јавното претпријатие. На 14 август од јавното претпријатие информираа дека водата од водоводот се забранува за пиење и подготвување на храна. Ден подоцна, од јавното претпријатие апелираа дека нема потреба од создавање тензии и дополнителен страв кај граѓаните, ниту, како што беше соопштено, темата треба да се користи за дневно-политички поенти. (МИА)
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
