УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во учебната 2026/2027 година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување на вкупно 8.851 студент на прв циклус во учебната 2026/2027 година. Од нив, 4.395 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со школарина, а 835 за вонредни студенти. Пријавувањето ќе се спроведе во три уписни рока. Првиот и главен рок е на 18 и 19 август, вториот на 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември 2026 година. По секој рок УКИМ ќе ги објавува преостанатите слободни места на факултетите и студиските програми. Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот што автоматски ќе го добие од системот се внесува и во документацијата што се доставува во службата за студентски прашања на избраниот факултет. Кандидатите што се рангираат само според успехот од средното образование ќе ја добијат прелиминарната ранг-листа за првиот рок на 24 август, а конечната листа на 27 август. Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 3 и 4 септември. Во вториот рок прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 15 септември, конечната листа на 17 септември, а запишувањето на 21 септември…


