klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

УХМР со најава за ветер од над 50 км/ч

УХМР со најава за ветер од над 50 км/ч
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·24. 07. 2026. 07:47:55

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 20 и 27 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Во делови од котлината се можни нестабилни временски услови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti