Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е нацрт-одлуката доставена до Влада

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година - информира денеска Министерството за економија и труд. Согласно предлогот, ќе се понуди училишна кошничка до 15 проценти попуст, а составот и крајната цена на кошничката, посочуваат дека ќе се разликува од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите. - Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место, со прецизно наведен состав и цени на производите. На овој начин, родителите однапред ќе имаат целосна информација за тоа што ќе содржи пакетот и која ќе биде неговата цена. Попустот до 15 проценти ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка - појаснуваат од Министерството за економија и труд. Нацрт-одлуката е доставена до Владата и во вторник ќе биде разгледана, по што ќе се донесе одлука за нејзиното усвојување и понатамошно спроведување. Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање посочи дека на следната владина седница во вторник ќе донесат одлука со која ќе се формира годинешната училишна…
Povezane vijesti
Izvor Pobjede iz vladajuće koalicije: DPS napustio salu uoči glasanja za dva člana Sudskog savjeta, uprkos dogovoru na Kolegijumu

Zogović: Naši susjedi procjenjivali da će im ucjenjivački kapacitet rasti približavanjem Crne Gore EU
