klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Учество на Муцунски на министерска конференција на тема „Подемот на политичкиот тероризам“

Учество на Муцунски на министерска конференција на тема „Подемот на политичкиот тероризам“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 07:44:33

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. -Настанот претставува значајна можност за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави и останатите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап кон новите безбедносни предизвици. Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите, соопштуваат од Министерството. Во рамки на состанокот, министерот Муцунски ќе ги претстави националните активности за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и напорите за натамошно унапредување на законската и институционалната рамка. Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti