Убиството кое ја потресе Македонија: Доживотен затвор за синот кој ја избоде до смрт мајка си

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Настанот се случил на 11 јануари 2026 година, околу 21 часот, во стан во Богданци каде што живееле под закуп. По убиството, Станковски сам се пријавил во полициска станица. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Гевгелија, меѓу мајката и синот започнала расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе повреди. Откако ножот се скршил, според обвинението, употребил и други остри предмети, по што жената починала од здобиените повреди.
Povezane vijesti

Dječak povrijeđen u nesreći u Risnu i dalje kritično, ostali će biti transportovani u Niš

Pavličić: Crna Gora više nije pravosuđe koje gomila zaostatke, već sistem koji ih rješava
