Crna kronika Sjeverna Makedonija
Уапсен жител на Словачка на скопскиот аеродром

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·05. 08. 2026. 11:42:46
На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол. Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


