klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 08. 2026. 14:36:23

Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, потенцираат од МВР.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti