klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Уапсен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат, со 211 км/чaс

Уапсен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат, со 211 км/чaс
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 17:56:45

Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР. -Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат, стои во соопштението на МВР. Оттаму додаваат дека при сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А. (18), како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час. Поради стореното кривично дело, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti