klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола

Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 10:51:42

Вчера во 11:45 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно кај клучка Рафинерија од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на патничко возило "опел" со кумановски регистарски ознаки поради основано сомнение дека го управувал возилото со фалсификувана хрватска возачка дозвола. Против возачот К.А.(21) од Куманово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 378 од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот, соопшти МВР. Министерство за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеат за побезбедни патишта.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti