klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Уапсен поранешен гувернер на мексиканска држава поради случајот со исчезнувањето на 43 студенти

Уапсен поранешен гувернер на мексиканска држава поради случајот со исчезнувањето на 43 студенти
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·07. 08. 2026. 06:52:27

Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Агире, е уапсен поради сомнение дека наредил уништување докази што можеле да помогнат во истрагата по случајот со исчезнувањето на 43 студенти од учителската школа Ајоцинaпа во 2014 година. Агире кој претходно негираше каква било вмешаност, е осомничен за попречување на правдата и присилно исчезнување, изјави државната обвинителка, Ернестина Годој. Случајот со исчезнувањето на 43-те студенти се смета за едно од најтешките кршења на човековите права во поновата историја на Мексико. Наодите од спроведените меѓународни истраги укажуваат дека студентите кои патувале кон Мексико Сити за учество на протест биле убиени од припадници на организирани криминални групи, а во случајот имало и вмешаност на полицијата. Досега се идентификувани посмртни останки на тројца студенти, додека потрагата по останатите продолжува. Според Обвинителството во Мексико Сити, новите сведоштва собрани во јануари и мај годинава, меѓу кои и исказ на заштитен сведок, укажуваат дека Агире на состанок со високи функционери од неговата администрација наводно наредил уништување докази поврзани со случајот ноќта кога исчезнаа студентите. Годој изјави дека властите првично тврделе дека не постојат снимки од безбедносни камери на кои се гледаат студентите во автобуси во близина на административна зграда на Гереро. Сепак, годинава се појавил сведок кој…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti