Уапсен крадец на автомобил во Струмица, возилото вратено на сопственикот

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера го лишиле од слобода 32-годишниот А.Х. од Струмица, кој бил затекнат како управува патничко возило „голф“ што претходно било пријавено како одземено. Како што соопшти МВР, околу 20:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, полициските службеници го запреле возилото со струмички регистарски ознаки, кое било сопственост на Ц.Б. од Струмица. Претходно истиот ден, сопственикот во Полициската станица Струмица пријавил дека автомобилот му бил одземен пред семејниот дом. Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


