klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Тушевска: Ребалансот на Буџетот носи повеќе средства за образование, плати и нови училишта

Тушевска: Ребалансот на Буџетот носи повеќе средства за образование, плати и нови училишта
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·14. 07. 2026. 11:00:37

Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат дополнителни средства за образование, повисоки плати за наставниот кадар, изградба и реконструкција на училишта, детски градинки, спортски сали и студентски домови, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска. Според неа, основниот буџет на Министерството за образование е зголемен за 1,404 милијарди денари, а само за плати и надоместоци се предвидени дополнителни 1,128 милијарди денари, со проектиран раст на просечната нето-плата од 8,3 проценти во текот на годинава. Тушевска нагласи дека најголемо процентуално зголемување има кај програмата за инклузивно образование, каде средствата се зголемуваат за 140 милиони денари, односно од 816 на 956 милиони денари до крајот на 2026 година. Во ребалансот, како што посочи, за средното образование се обезбедени дополнителни 205 милиони денари, додека за високото образование се предвидени уште 204 милиони денари. Дополнително, буџетот за капитални инвестиции е зголемен на вкупно 378 милиони денари, при што фокусот е ставен на изградба на нови училишни спортски сали. За изградба на нови основни училишта се издвоени 75 милиони денари, а за нови средни училишта 80 милиони денари. Во изјавата се посочува и дека Светската банка одобрила нов финансиски пакет за проширување на капацитетите за предучилишно згрижување, кој ќе овозможи доградба и пренамена на постојните објекти, како…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti