Тушевска: Реалната и редовна поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за македонските земјоделци дава резултати

Пред две години во земјоделство затекнавме институции во застој, нерешени предмети, неисплатени плати и субвенции, блокирани проекти и континуиран пад на земјоделското производство. Само кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за цели 17 месеци, додека бројни обврски од периодот 2020 – 2024 останаа нерешени и над 1.600 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство повеќе од 4 месеци беа оставени без плата, здравствено и пензиско осигурување, рече Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја смени оваа слика и денес Македонија бележи раст на земјоделското производство и на извозот, така во 2025 година извозот на земјоделски производи и преработки достигна 417 милиони евра, со суфицит од 215 милиони евра. Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко е зголемено за 2,7 проценти, овчото млеко за 4%, се зголеми и производството на свинско месо со што се задоволува целокупната количина која е потребна за домашниот пазар. Лани се произведоа и откупија околу 300.000 тони пченица, количина што ги задоволува домашните потреби. Паралелно со растот на производството, ја реализиравме и најважната обврска кон земјоделците, редовна и навремена исплата на субвенциите, истакна таа. „Од кога ја презедовме власта, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ…


