klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Турското обвинителство побара доживотен затвор за обвинетите за нападот пред израелскиот конзулат во Истанбул

Турското обвинителство побара доживотен затвор за обвинетите за нападот пред израелскиот конзулат во Истанбул
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·17. 07. 2026. 09:25:05

Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција. Обвинителството за екој од обвинетите побарало доживотни казни и дополнителни затворски казни во траење од 19 до 37 години. На 7 април годинава тројца вооружени напаѓачи отворија оган врз полициски службеници распоредени пред објектот во кој се наоѓа Генералниот конзулат на Израел во Истанбул. Во престрелката еден од напаѓачите беше убиен, а другите двајца ранети и уапсени. Повредени биле и двајца полицајци. Турските власти првично соопштија дека убиениот напаѓач бил поврзан со група која „ја злоупотребува религијата“, а турските медиуми подоцна ги поврзаа напаѓачите со терористичката организација „Исламска држава“. По нападот, турската полиција приведе околу 200 лица осомничени за припадност кон „Исламска држава“, како и десетици лица поврзани со истрагата за случајот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti