klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Тухел: Не си дозволуваме да бидеме задоволни со бронзата

Тухел: Не си дозволуваме да бидеме задоволни со бронзата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 12:27:15

Селекторот на Англија, Томас Тухел, изјави дека се надева оти неговите фудбалери со текот на времето ќе бидат горди на бронзениот медал освоен на Светското првенство, по победата над Франција со 6:4 во натпреварот за третото место. Англија во саботата вечерта на стадионот во Мајами стекна убедлива предност уште во првото полувреме, кога поведе со четири гола разлика. Во продолжението Франција се обиде да се врати, но англиската репрезентација го одби налетот и стигна до својот најдобар пласман на мундијалите по освојувањето на титулата во 1966 година. „Ова е прв медал за Англија по 60 години и најдобар резултат на Светско првенство надвор од домашен терен. Се надевам дека играчите со текот на времето ќе бидат горди на тоа. Многу сме амбициозни и речиси не си дозволуваме да бидеме задоволни со третото место“, изјави Тухел на прес-конференцијата. „Лузната од полуфиналето ќе остане“ Германскиот стручњак нагласи дека екипата уште од почетокот имала само една цел – да стигне до финалето и да ја освои светската титула. „Пред 18 месеци си ја поставивме највисоката можна цел – да се пласираме во финалето и да го освоиме Светското првенство. Токму затоа поразот во полуфиналето толку боли. Болката со текот на времето ќе помине…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti