klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Тројца уапсени за вчерашниот пожар во фабрика на грчкиот полуостров Пелопонез, во кој загина едно лице

Тројца уапсени за вчерашниот пожар во фабрика на грчкиот полуостров Пелопонез, во кој загина едно лице
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·28. 07. 2026. 08:07:33

Сопственикот, техничарот одговорен за безбедноста и одговорното лице за надзор на работата на објектот, се уапсени за вчерашната експлозија и пожарот во фабриката за производство и пакување оцет во близина на Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез при што животот го загуби едно лице, а друго беше полесно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Тројцата се уапсени во рамките на истрагата на Истражниот тим за справување со кривични дела на подметнување пожари од Коринт при Противпожарната служба на Грција, како лица одговорни за условите под кои дошло до експлозијата и пожарот. Во експлозијата загина 67-годишен маж, кој, според досегашните податоци од истрагата, извршувал работи со електрично заварување во близина на довод на течен гас, а 37-годишен маж се здоби со лесни изгореници. За причините за несреќата во тек е предистражна постапка. Со оглед на тоа што во изминатиот период имаше неколку случаи на пожари во деловни објекти, од Дирекцијата за истраги на кривични дела поврзани со пожари упатија предупредување до сопствениците, одговорните лица за безбедноста и до работниците да ги почитуваат пропишаните правила за безбедност и противпожарна заштита и да не изведуваат работи или активности што можат да предизвикаат експлозија или пожар. Пожарот во фабриката избувна вчера кусо пред 14…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti