klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Тројца судии на МКС го тужат Трамп поради санкциите воведени минатата година

Тројца судии на МКС го тужат Трамп поради санкциите воведени минатата година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 06. 2026. 16:40:12

Тројца судии на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поднесоа тужба против претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата администрација поради санкциите што им беа воведени минатата година, тврдејќи дека мерките се незаконски. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Менхетен, судиите Кимберли Прост од Канада, Соломи Балунги Боса од Уганда и Рејн Аделаид Софи Алапини-Гансу од Бенин наведуваат дека санкциите биле осмислени како вонсудски притисок со цел да се казнат и да се принудат судиите. Администрацијата на Доналд Трамп минатата година воведе санкции против повеќе судии на МКС во потег без преседан, како одмазда за одлуката на Судот да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и поради претходната одлука за отворање истрага за наводни воени злосторства на американски војници во Авганистан. Како последица на санкциите, на судиите им se блокирани недвижностите и другиот имот што го поседуваат во САД. На организациите и на компаниите со седиште во САД им e забрането да вршат какви било трансакции со нив, вклучувајќи и обезбедување пари, стоки или услуги. Меѓународниот кривичен суд, основан во 2002 година, има надлежност да гони лица обвинети за геноцид, злосторства против човештвото и за воени злосторства во земјите членки или во случаи што му ги упатува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti