Sport Sjeverna Makedonija
Tрофејот во Вухан за Маја Хвалинска

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·19. 10. 2026. 04:59:24
Полската тенисерка Маја Хвалинска го освои турнирот од серијата ВТА 1000 во Вухан, откако во финалето ја совлада Британката Сонај Картал со 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 6-2). Картал подобро го отвори мечот и со убедлива игра го доби првиот сет, а имаше предност и на почетокот од вториот. Сепак, Хвалинска успеа да се врати во игра, ја презеде контролата и успеа да избори трет сет. За Хвалинска ова е прва титула во кариерата на ВТА-турнирите, со која ја потврди одличната форма во 2026 година. Таа претходно стигна и до финалето на Ролан Гарос, а во полуфиналето во Вухан ја елиминираше сонародничката Ига Швјонтек.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

