klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 12:38:07

Гран при трка од Светското првенство во Формула 1 ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин, објави прес-службата на Формула 1. Етапата во Малезија ќе се одржи од 2 до 4 октомври. Во март, Формула 1 ги откажа трките во Бахреин и Саудиска Арабија поради ситуацијата во регионот. Гран при трката во Бахреин беше закажана за 10-12 април, а Гран при трката во Саудиска Арабија за 17-19 април. Формула 1 одржуваше Гран при трки во Малезија од 1999 до 2017 година. Трките се одржуваа на патеката „Сепанг“. Германецот Себастијан Фетел победи на најмногу трки во Малезија. Победник на последната трка во Малезија беше Холанѓанецот Макс Верстапен. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti