Триумф за Куманово кај Тиквеш, драмата во Битола за Работнички

Тиквеш загуби од МКК Кумановосо конечен резултат 75-76 во третото коло на македонската кошаркарската Супер Лига. Најдобар поединец кај Куаманово беше токму Гуден со 21 поен, додека Давион Сајкс имапе 27 поени во редовите на Тиквеш. Во третото коло на Суперлигата се одигра мечот помеѓу Пелистер и Работнички, а победата на крајот замина кај скопскиот состав, кој славеше со конечен резултат 87-91. Виктор Ефремовски беше најефикасен во победничкиот состав со 22 поени, на кои придодаде четири скока и две асистенции. Искусниот Доминик Говенс постигна 14 поени и подели девет асистенции, додека Елингсворт запиша 16 поени и шест скока. Роберт Рикиќ го заврши мечот со 15 поени и пет скока. На спротивната страна, деби за паметење имаше Никола Кочовиќ, кој натпреварот пред битолската публика го заврши со 30 поени и пет асистенции, дополнети со четири скока. Си-Џеј Вилсон постигна 20 поени, со по четири скока и асистенции, додека Денинг оствари двоен ефект од 10 поени и 11 скока.

