Триминутните паузи на СП за хидтратација носат стотици милиони долари на ФИФА

Она што ФИФА го претстави како мерка за заштита на здравјето на фудбалерите, денес се претвора во една од најпрофитабилните иновации во историјата на СП. Триминутните паузи за хидратација, воведени на Светското првенство 2026, отворија нов рекламен простор што на телевизиските компании и на ФИФА им носи приходи од стотици милиони долари. ФИФА ги воведе паузите за хидратација поради високите температури во САД, Мексико и Канада, каде се игра Светското првенство. Наместо да се применуваат само при екстремни временски услови, како што беше досега, паузите станаа стандард и се прават околу 22. и 67. минута. Но, токму тие неколку минути создадоа можност за телевизиите да емитуваат реклами среде натпревар – нешто што досега речиси не постоеше во фудбалот. Францускиот селектор Дидие Дешан остро го критикуваше новиот модел. „Така се прекинува ритамот на играта, но индустријата е среќна затоа што има повеќе реклами. Наскоро ќе играме во четири четвртини“, изјави Дешан. Податоците покажуваат колку е голема финансиската добивка. Според компанијата iSpot, цитирана од Forbes, Светското првенство 2026 веќе учествува со околу 13 проценти во вкупниот телевизиски рекламен простор во живо во САД, додека на Мундијалот во Катар во 2022 година тој удел изнесуваше само 2,77 проценти. Со зголемувањето на бројот на…
