klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Три лица уапсени за експлозиите во Солун во кои едно лице загина

Три лица уапсени за експлозиите во Солун во кои едно лице загина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 07. 2026. 07:11:42

Во акција што од рано утрово е во тек на секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица, јавуваат од МИА. Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите подметнати пожари што се случија на 1 јули 2026 година во домовите на политички личности во Солун, при што една жена го загуби животот, а уште четири лица беа повредени“. - Досега се уапсени три лица, а се вршат претреси на објекти и возила, информираа од полицијата. Додадоа дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации. Според грчките медиуми, уапсените лица ѝ се веќе познати на полицијата за нивните анархистички активности, а станува збор за двајца мажи и една жена. Во раните утрински часови минатата среда, во период од 17 минути, беа поставени три импровизирани експлозивни механизми на три различни локации во Солун, пред домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова демократија во Солун, Зисис Јоакимовиц, на поранешниот пратеник од партијата Савас Анастасиадис и на партиската кандидатка Афродити…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti