ТРИ ДЕНА ПО ВОДОВОДНАТА ХАВАРИЈА: Лимани ја суспендира директорката на ЈП „Комуналец“ и неколку вработени

Цели три дена по забраната на АХВ за пиење на гостиварската вода и илјадници заболени од нејзино конзумирање, Валбон Лимани, градоначалникот на општината најави дека за состојбата во изминативе денови во Гостивар ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар. Ова доаѓа 72 часа по стартот на водоводната хаварија која зарази илјадници луѓе. Тој додаде дека наскоро, не кажа кога, ќе се состанел и кризниот штаб, за да се донесат „одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени“. – Директорката на ЈП „Комуналец“ Артана Асани е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод – рече Лимани на прес-конференција. Многу часови по хаваријата, Локалната самоуправа конечно ќе објавела и број за граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, за да им биде донесена поблиску до нивните домови. Лимани искажа и благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење. Не ја спомена големата помош на Владата... Инаку, на изборите во 2025-та година Лимани беше избран со гласовите на ДУИ, партијата на Таравари и онаа на Венко Филипче.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Preminula bivša natjecateljica za Miss Universe (35), svi su u šoku: 'Što se dogodilo?'
